ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА Е ПОСТАВЕНА НА CANVA НА ОВОЈ ЛИНК
Цели:
- Да се зголеми свесноста за медиумска писменост и дигитална безбедност кај учениците и наставниците.
- Да се развијат практични стратегии за заштита од ризици поврзани со интернетот, како сајбер-насилство, говор на омраза и злоупотреба на лични податоци.
- Да се унапредат дигиталните компетенции на учениците преку конкретни активности и примена на вештачка интелигенција во образованието.
- Да се создаде безбедна дигитална средина преку воспоставување е-безбедносни политики во училиштата.
Очекувани резултати:
- Учениците ќе развијат критичко размислување и способност за препознавање ризици на интернет.
- Наставниците ќе стекнат компетенции за имплементација на дигитални стратегии за е-безбедност.
- Училиштата ќе воведат програми за работа на тема „е-безбедност,“ со вклучување на експерти и практични активности.
- Ќе се постигне намалување на негативните влијанија од неконтролираното користење на интернет, преку постојано следење и анализа.
Применливост во образованието:
- Прво до четвртo одделение: Основни активности за безбедно користење на интернет (на пр., како да користат силни лозинки, да избегнуваат комуникација со непознати).
- Петтo до деветтo одделение: Напредни вештини за идентификување ризици, употреба на социјални медиуми, и проекти за медиумска писменост.
- Слободни ученички активности: Работилници со наставници и експерти, како и заеднички часови со училишта од различни држави