Безбедно на интернет – презентација – https://www.canva.com/design/DAGWQI1rnJI/z72QMjkY4bWMWOmEY1DUgA/edit

Цели:

  • Да се подигне свеста кај учениците за безбедно користење на интернет.
  • Да се запознаат учениците со основните правила за заштита на личните податоци онлајн.
  • Да се развијат вештини за препознавање и избегнување на потенцијални ризици на интернет.
  • Да се охрабрат учениците да реагираат одговорно во ситуации на сајбер-закани или сајбер-малтретирање.

Очекувани резултати:

  • Учениците ќе можат да идентификуваат безбедни и небезбедни практики при користење на интернет.
  • Ќе стекнат вештини за заштита на својата приватност и за препознавање лажни информации или сајтови.
  • Ќе разберат како да пријават несоодветно однесување на интернет.
  • Ќе покажат критичко размислување при споделување содржини на социјалните мрежи.

Можности за користење на час:

  • Граѓанско образование – Разговор за дигиталните права и одговорности.
  • Информатика – Демонстрација за поставување безбедносни поставки на социјалните мрежи.
  • Јазици – Креирање приказни или дијалози кои ги воочуваат ризиците на интернет.

Безбедно на интернет – квиз – https://view.genially.com/66e7dde0f2524f2acc4b9764/interactive-content-internet-safety-educyber-guardians

Цели:

  • Да се провери нивото на знаење и разбирање на учениците за безбедноста на интернет.
  • Да се идентификуваат слабите точки во знаењето и разбирањето на учениците за онлајн ризиците.
  • Да се поттикне размислување преку интерактивен пристап за учење.
  • Да се мотивираат учениците за понатамошно истражување и учење за интернет безбедноста.

Очекувани резултати:

  • Учениците ќе демонстрираат применливо знаење за темите како што се заштита на приватноста, безбедни лозинки и избегнување онлајн закани.
  • Ќе стекнат поголема самодоверба во препознавање и одговор на потенцијално опасни ситуации на интернет.
  • Ќе покажат способност за критичко размислување при анализа на сценарија поврзани со интернет-безбедност.
  • Ќе добијат повратна информација за своите силни и слаби страни во областа на сајбер-безбедноста.

Можности за користење на час:

1. Проверка на претходно знаење

Користете го квизот како воведна активност за да го проверите нивото на разбирање на учениците пред започнување на наставата за интернет безбедност.

2. Евалуација по завршување на наставата

Искористете го квизот како завршна активност за да ги оцените резултатите од наставата и напредокот на учениците.

3. Мотивирачка активност

Организирајте натпревар помеѓу групи ученици. Победник е тимот со најмногу точни одговори.

4. Интерактивно учење

За секое прашање од квизот дискутирајте со учениците за тоа зошто еден одговор е точен, а другите не се.

5. Индивидуална рефлексија

Дозволете им на учениците сами да ги разгледаат нивните резултати и да размислат како можат да ги подобрат своите знаења и практики за интернет-безбедност.