ЗОРИЦА МИЛКОВА, КООРДИНАТОР / КРЕАТОР НА СОДРЖИНИ
Одделенски наставник со 15 години искуство, Едуино и eTwinning амбасадор. Посетила над 150 обуки за професионален развој и добила бројни сертификати и признанија. Има меѓународни сертификати за еколошка свест и имплементација на Конвенцијата за детски права во образованието. Како младински работник, реализирала интеркултурни размени со деца во Швајцарија под фондација Песталоци. Во 2016 година е прогласена за Нај ООР наставник во Македонија. Моментално е координатор на меѓународни проекти од програмата Еразмус. Објавила трудови во области на образование, СТЕМ, и екологија во Македонија, Турција и Романија. Во 2021 година стана наставник ментор и работи како обучувач за медиумска писменост, интернет безбедност и дезинформации, како и за систем за обезбедување квалитет на училиштата.
Контакт: zoricaxmilkova@gmail.com
Преземи CV Професионално искуство
БИЉАНА СТОЈАНОВСКА, КРЕАТОР НА СОДРЖИНИ
Одделенски наставник, Едуино амбасадор, Code Week EU Leading Teacher, Scientix амбасадор и MIE Expert. Таа е автор на учебници и збирки по Природни науки, како и на Едуино игри и активности. Во 2018 година, учествуваше во победничкиот тим на образовен камп за креативност во образованието, поддржан од УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика, и доби награда за учество на меѓународна конференција во Истанбул. Во 2019 година беше консултант за тестирање на веб решенија за националната образовна платформа, а во 2021 за мапирање на потребите во образовниот процес како дел од проектот ЕДУИНО. Моментално работи како консултант за развој на ресурси за едукатори. Во 2023 година учествуваше на Летното училиште за кодирање во Брисел, каде ги зајакна своите компетенции во програмирање и технологија во образованието. Таа е сертифициран обучувач за медиумска писменост, интернет безбедност и кодирање, со објавени трудови во областа на образованието.
Контакт: bibiedu3@gmail.com
АЛЕКСАНДАР АЦЕВ, ТЕХНИЧКИ ЕКСПЕРТ
Со над 20 години искуство во управување со информациски системи и сајбер безбедност, Александар има богато искуство во развој и имплементација на безбедносни политики, процедури и контроли. Тој го основа и водеше Националниот CSIRT во Северна Македонија (MKD-CIRT) повеќе од седум години, каде што MKD-CIRT стана член на престижни организации како FIRST и Trusted Introducer. Александар, исто така, воспостави Мрежа за размена на информации за сајбер безбедност со над 100 активни организации. Неговите напори резултираа во создавање на првиот отворен портал за обука за сајбер безбедност, преку кој над 30.000 државни службеници успешно ги завршија обуките. Во моментов, тој работи како регионален технички советник за сајбер безбедност.
Контакт: aacevs@gmail.com