ПРЕЗЕМЕТЕ PDF ДОКУМЕНТ СО МАТЕРИЈАЛИ ЗА ДА ЈА НАПРАВИТЕ ОВАА ИГРА
МЕДИА ПРЕДИЗВИК
Цели:
Учениците ќе научат да анализираат и проценуваат медиумски содржини, препознавајќи
лажни информации и манипулации.
Ќе се подигне нивната свесност за одговорноста при создавање и споделување медиумски
содржини.
Учениците ќе стекнат вештини за правилно користење на медиуми и дигитални алатки за
комуникација и истражување.
Преку играта, учениците ќе развивајат комуникациски и социјални вештини.
Очекувани резултати:
Учениците ќе можат да препознаат различни видови медиумски пораки (емотикони,
гифови, мимови) и нивното значење.
Ќе стекнат способност да идентификуваат лажни вести и манипулирани слики.
Ќе ги разберат етичките аспекти на медиумската комуникација, како што се приватноста и
почитувањето на авторските права.
Ќе покажат поголема сигурност при користење на медиуми за учење и изразување идеи.
Можности за користење на час:
Интеграција во наставните предмети: Играта може да се користи во часови по македонски
јазик, информатика или општествени науки.
Мотивација за интерактивно учење: Како средство за воведување или рефлексија на
темите поврзани со медиумската писменост.
Програми за дополнителна поддршка: „Медиа предизвик“ може да се користи во
активности за развивање дигитални вештини кај ученици со различни нивоа на познавање
на медиумите.
Евалуација на знаење: Учениците можат да играат играта како тест за проценка на
стекнатите знаења и вештини.