ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА Е ПОСТАВЕНА НА CANVA НА ОВОЈ ЛИНК

Цели:

  1. Да се зголеми свесноста за медиумска писменост и дигитална безбедност кај учениците и наставниците.
  2. Да се развијат практични стратегии за заштита од ризици поврзани со интернетот, како сајбер-насилство, говор на омраза и злоупотреба на лични податоци.
  3. Да се унапредат дигиталните компетенции на учениците преку конкретни активности и примена на вештачка интелигенција во образованието.
  4. Да се создаде безбедна дигитална средина преку воспоставување е-безбедносни политики во училиштата.

Очекувани резултати:

  1. Учениците ќе развијат критичко размислување и способност за препознавање ризици на интернет.
  2. Наставниците ќе стекнат компетенции за имплементација на дигитални стратегии за е-безбедност.
  3. Училиштата ќе воведат програми за работа на тема „е-безбедност,“ со вклучување на експерти и практични активности.
  4. Ќе се постигне намалување на негативните влијанија од неконтролираното користење на интернет, преку постојано следење и анализа.

Применливост во образованието:

  • Прво до четвртo одделение: Основни активности за безбедно користење на интернет (на пр., како да користат силни лозинки, да избегнуваат комуникација со непознати).
  • Петтo до деветтo одделение: Напредни вештини за идентификување ризици, употреба на социјални медиуми, и проекти за медиумска писменост.
  • Слободни ученички активности: Работилници со наставници и експерти, како и заеднички часови со училишта од различни држави